| четврток, 6 декември 2018 |

Работилници за современ танц на „Танц-фест“

Во рамките на „Танц-фест 2013“ од денеска до 12 април ќе се одржат работилници за современ танц, со танчарите на „Батери денс компани“ (Battery Dance Company) во Скопје со Шон Скентлбури, во Битола со Кармен Никол, во Струга со Мира Кук, во Тетово со Робин Кантрел и во Штип со Клемент Менса.

„Батери денс компани“, која 37 години е сидро на културолошкиот живот на Менхетн, досега се претставиле на многубројни сцени и фестивали во речиси 60 земји низ Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, Австралија.

За своето премиерно претставување во Македонија, компанијата ќе ја прикаже уметноста на втората генерација кореографи кои за своите храбри и иновативни креации добија признание од „Њујорк тајмс“ и интернационалниот печат.

Компанијата одбра пет парчиња од своите најнови продукции. Четири од избраните пет кореографски сегменти се на музика специјално компонирана од познати њујоршки композитори. 

Асистенти на работилницата во Скопје се студентите на Танцовата академија во Скопје: Валентино Апостоловски, Адријана Данчевска и Матеа Киселичка.

Реализацијата на овој проект е овозможена со помош на американската амбасада во Скопје и културниот центар „Интерарт“ од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top