| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Фестивал на планински филм „Ехо“

На три локации во Скопје ­ во кино „Милениум“, во кино „Фросина“ и во Џебно кино при Младинскиот културен центар (МКЦ), од денеска до 5 ноември ќе биде одржано шестото издание на Планинскиот филмски фестивал „Ехо“. На најголемиот културен настан кој ја слави природата и планините, како што најавија организаторите, ќе бидат прикажани триесетина филмови од автори од 10 земји.

Покрај филмовите, втора година по ред, се организира и конкурс за најдобро видео на кој аплицираа 20­-тина автори, а првпат и фотоконкурс на кој се пријавија 130 автори со 330 фотографии. Фестивалот, наменет за планинарите, алпинистите и вљубениците на планината, ќе заврши со прогласување на најдобриот филм и на победниците на конкурсите за најдобро видео и најдобра планинска фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top