| четврток, 6 декември 2018 |

Втор ден на Фестивалот за планински филм „Ехо“

Денеска, 3 ноември, во 17 часот во киното „Фросина“ во МКЦ продолжува фестивалот за планински филм „Ехо“.

eho-fest

 

Англискиот филм „Слободно“ е прв што ќе биде прикажан на денешното издание на „Ехо“. Во 17.27 ќе се прикажува „Арктички воздух”, Англија. Во 18 часот почнува проекцијата на словенечкиот филм „Река“.

По него, во 18.32 следува „Ехо од Дрим“, Македонија. Во 18.52 почнува презентацијата на Јежи Поребски. Во 20 часот посетителите ќе може да го погледнат „Манаслу“, Полска. Во 20.36 следува „Одблесок“, САД. Во 20.42 има презентација на „Турно и фри рајд скијање во Бугарија“ на Кирил Попбожиков. Во 21. 30 презентација на „Фрирајд на Недопреното“. Во 21.52 следува „Недопреното“, Словенија.

Влезот за проекциите е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top