| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на паднатиот авион во Синај: Надворешен фактор ја предизвикал трагедијата

metrojetsinaj-71-620x400

Причината за падот на рускиот авион над полуостров Синај е надворешен фактор, пренесе „Би-Би-Си“. Компанијата која е сопственик на авионот, „Когалимавиа“, денес ја објави својата верзија за трагедијата од 31 октомври 2015 година, кога нејзин авион падна над Египет, при што загинаа сите 224 лица во авионот.
– Поради интервенција однадвор, екипажот изгубил контрола над управувањето – пишува во соопштението на компанијата. Тоа е единственото објаснување за несреќата, изјави претставник на фирмата.
„Когалимавиа“, исто така, изјави дека распространетите кадри со паѓање на авион на светската мрежа, за кој се тврди дека припаѓа на компанијата, не се снимени на истото место и во исто време. Проверката на контролните органи покажува дека, вработените во „Когалимавиа“ ги добивале примањата два месеца по рокот утврден во своите договори.
Руската служба за заштита на трудот, исто така, проверува дали вработените се одмораат по утврдените правила и дали имале документи за психичка способност. Техничките професионалци во исто време вршат проверка на машините што ѝ припаѓаат на компанијата. Компанијата има осум авиони, од кои шест се „ербас А321“.
Денес беше соопштено дека руски и египетски екипи пронашле 12 големи делови од леталото. Денес во Санкт Петербург, од каде што се повеќето жртви, беа транспортирани 18 тела. Властите во вториот по големина руски град почнаа постапки за препознавање на телата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top