Општина Битола со повеќе празнични манифестации и активности го одбележува Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.
Викендот се одржаа Меѓународен натпревар во шах за слепи лица и мотокрос натпревар „Тони Гулевски-Бабуш“, а денеска напладне во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола ќе биде отворена изложба на книги, ќе се одржи концерт на пејачката група „Сирма Војвода“, а во битолскиот театар ќе биде изведен музичко-сценскиот перформанс „Со виртуелниот пајтон низ Битола“.
– Програмата продолжува и утре, со конференција на тема „Малите и средни претпријатија за регионалниот економски развој“. На Широк сокак ќе се одржи традиционалната ноќна атлетска трка, за најмладите ќе биде изведена театарската претстава за деца „Временска машина“, а друштвото на ликовните уметници во салонот „Магаза“ ќе приредат изложба. Свечената академија и доделувањето на наградите „4 Ноември“ ќе се одржат на денот на празникот – соопштија од Организацискиот одбор.
Традиционално, за време на општинскиот празник во Битола гостуваат и претставници на збратимените градови од повеќе држави и за нив ќе биде организиран посебен прием кај градоначалникот Владимир Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.