| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган победи, ќе создаде ли консензус за претседателски систем?

Реџеп Таип Ердоган го повика светот да ги почитува резултатите од парламентарните избори во Турција, на кои неговата Партија на правдата и развојот (АКП) освои близу 50 одсто гласови. По молитвата во џамијата во Истанбул, Ердоган порача дека Турците на први ноември гласале за стабилност по неуспехот на преговори за коалиција како резултат на гласањето во јуни. Податоците на турската централна изборна комисија, на обработени речиси 100 проценти од гласовите еден час по полноќ, говорат дека 49,3 проценти од турските гласачи ја поддржале владејачката партија на предвремените парламентарни избори.

Tој се задржа и на медиумските критики кон него и повика на глобален признание на изборните резултати.

-Сега партијата со околу 50 проценти (од гласовите) во Турција достигна моќ… Ова треба да се почитува од целиот свет, но јас не сум видел таква зрелост- ја пренесе британскиот јавен сервис пораката на Ердоган.

АКП освои 316 места во парламентот и можност сама да состави влада. Потребниот минимум за тоа е 276 места. АКП успеа да го зголеми нивниот резултат за цели 8,4 проценти, што е над прогнозите по анкетите за раст од 4проценти. Предвремените избори се наметнаа откако на 7 јуни партијата на Ердоган го изгуби мнозинството, а преговорите за формирање на коалиција пропаднаа.

Опозициската Републиканска народна партија доби 25,4 процети од гласовите, за половина процент повеќе од јунскиот резултат. Поддршката за Партијата за националистичка акција падна на 12, наспроти 16,2 проценти во јуни. Прокурдската Народна демократска партија ја совлада за малку турската изборна бариера од 10 проценти и добива 10,6%, но сепак е помалку од јунските 13 роценти од гласачите.

turcija rezultati

Претседателска република?

Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Ердоган синоќа ја издвои најтешката победа откако е на власт од 2002 година наваму. Во следните 4 години пак АКП ќе управува самостојно, но сепак за евентуална промена на уставот, каква е целта на претседателот Ердоган, ќе треба да побара консензус од другите политички партии.

Партискиот лидер и премиер Ахмед Давутоглу ги прогласи изборите за „победа на народот и демократијата“ и повика на започнување на работа за подготовка на новиот устав на земјата, која најверојатно ќе ја претвори во претседателска република, што беше желба на претседателот Реџеп Ердоган.

-Нашиот народ јасно се изрази на изборите на 1 ноември дека претпочита за служењето и проектите пред споровите. Гласачите дадоа доказ за силната волја во корист на единството и интегритетот- изјавил Ердоган во првата реакција по резултатите од изборите.

Следните парламентарни избори во Турција се во 2019 година.

Скокна турската Лира 

Турската лира поскапе за 5,4 проценти во однос на доларот по убедливата победа вчера на Партија на правдата и развојот (АКП), информира „Блумберг“ ( Bloomberg).

На пазарите на пари лирата е цитирана за 2,7579 фунти, што е највисокиот раст на турската лира од 2008 година наваму. Лирата денеска се менува за 2,78 лири за еден долар, а еврото за 3,07 лири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top