Пораснаа цените на нафтата на светските берзи како резултат на големиот раст на вредноста на акциите во Јапонија, но и на лошите податоци за вработувањето во САД, наведуваат аналитичарите.
Нафтата на Њујоршката берза поскапе за 21 цент и достигна цена од 92,91 долар за барел. Европската марка „брент“, која се користи за одредување на цените на различни видови странска нафта, поскапе за 45 центи на 104,57 долари за барел.
Поскапувањето на нафтата успеди по растот на вредноста на индексот на берзата во Токио за 2,80 отсто, паралелно со натамошно слабеење на јенот во однос на конкурентските валути.
Американскиот пазар на труд минатиот месец беше многу послаб од очекуваното, односно во САД се отворени само 88.000 работни места, покажуваат минатонеделните податоци на американското Министерство за труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.