Европскиот комесар за проширување, Штефан Филе, и директорот на европскиот директоријат, Стефано Санино, вечерва пристигнуваат во Скопје.
Филе уште пред изборите најави дека ќе допатува на средба со државниот врв веднаш штом ќе завршат изборите.
Според агендата на високите претставници на Европската унија, нивните средби со политичкиот врв на земјава е закажан за утре рано наутро. Тие ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со кои ќе разговараат за напредокот на дијалогот за пристапните преговори.
Утре, Филе и Санино ќе се сретнат и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.