Англиската голманска легенда Дејвид Џејмс кој е поранешен голман на „Гордиот Албион“ смета дека голманот на Реал Мадрид Костариканецот Кејлор Навас е подобар од Давид де Хеа.
Голманот на Манчестер Јунајтед и шпанската фудбалска репрезентација летово во последните моменти од преодниот рок беше на прагот на преселба на „Сантијаго Бернабеу“, но овој трансфер пропадна во последен миг, и тој остана да го носи дресот на „црвените ѓаволи“. Во обратен правец требаше да се упати првиот голман на Реал Мадрид Кејлор Навас, кој оваа сезона брани во извонредна форма.
Многумина смеетаат дека токму Реал е тимот кој загубил со пропаѓањето на трансферот, но не и Дејвид Џејмс.
– Навас брани во животна форма и Де Хеа доколку стигне во Мадрид, нема да има гарантирано место во првиот тим. Се сеќавам дека пред неколку години Венгер предложи да го донесе Навас, но на крајот го избра Оспина – изјави Џејмс.
Костариканецот во досегашниот дел од сезоната одигра 12 натпревари за Реал, а дури на девет од нив успеа да ја сочува својата мрежа неодпрена.
– Не сакам погрешно да ме разберете, Давид во изминативе три години брани на врвно ниво, но мислам дека Навас е подобар голман од него – додаде поранешниот репрезентативец на Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)