Во скопското село Сарај рано утрово непознат сторител предизвикал пожар во куќа на Џ.А. (37), на улицата „Љубински Пат“. Пожарот го зафатил првиот кат, а повредени лица нема.
Увидна екипа од СВР-Скопје излезе на местото на настанот каде пронајде и подигна пластично шише со непозната материја кое е предадено за вештачење.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.