| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: На турско-сириската граница приведени бомбаши-самоубијци

erdoganНа турско-сириската граница се приведени неколку бомбаши-самоубијци, кај кои се пронајдени седум килограми експлозив ТНТ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој наведе дека не е познато каде планирале да го постават експлозивот.

Ердоган посочи и дека турските сили за безбедност убиле околу 2.000 екстремисти во неодамнешните операции во и надвор од границата на Турција.

Тој најави дека таквите операции ќе продолжат.

Турција изврши напади врз цели на екстремистите од Исламска држава во Сирија и на позициите на курдските екстремисти во земјата и во северниот дел на Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top