Ноќта на вештерките се одбележува на 31 октомври и е еден од најголемите празници во САД, веднаш зад Божиќ. Луѓето се маскираат и се обидуваат да се уплашат еден со друг додека. Исто како и другите западни празници кои си го најдоа местото и во другите култури, како на пример Денот на вљубените, свети Валентин, така и Ноќта на вештерките си го зазеде своето место и во Македонија.
Неколку училишта и покрај дебатата во јавноста за тоа дали треба или не да се прифати оваа традиција, се приклучија на сега веќе светскиот тренд на маскирање за популарниот Халовин.
Традицијата во Скопје започна од меѓународното училиште НОВА, каде учениците учествуваат на голем маскенбал и се претвораат во своите идоли, алтерега или ликови кои им се допаѓаат. И годинава стотина од меѓународното училиште вчера го одбележаа Халовин маскирани како вештерки, вампири, суперхерои, пирати и принцези. На настанот учествуваа помалите ученици во оваа образовна институција, додека денеска се одржа уште еден маскенбал наменет за поголемите.
Халовин е скратеница од Ноќ на Сите Свети (All Hallow’s Eve). Ирската легенда за овој празник раскажува за ковачот Џек О’Лантер го измамил ѓавoлот, кој за казна го испратил да живее во постојан мрак. Бидејќи не можел да помине на другата страна, односно да дојде до светлината, Џек направил дупка во тиквата што ја имал со себе и во неа ставил неколку жарчиња, со што создал ламба која му го осветлувала патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.