| четврток, 6 декември 2018 |

Удар за странските тренери во Русија

andre viljas-boas

Руското Министерство за Спорт во следниот период ќе донесе одлука со која ќе им биде забрането на тимовите од елитната прва лига да ангажираат странски тренери.
Прв на удар секако е Португалецот Андре Вилјаш-Боаш кој е шеф на стручниот штаб на актуелниот шампион Зенит, но и за пет други странски тренери кои седат на клупите на тимовите. Тој во меѓувреме најавил дека доколку се донесе ваква одлука веднаш ќе го напушти Зенит. Тој претходно со успех ги водеше тимвоите на Порто, Челси и Тотенхем.
Сепак, Министерството за Спорт ќе дозволи ангажирање на странски лица во првата лига на Русија како стручни консултанти.
Оваа одлука, од друга страна, не важи за руската фудбалска репрезентација, каде во минатото работеа Капело и Хидинк, но сега е поставен тренерот на ЦСКА Москва, Леонид Слутски.

Покрај тоа, во план е ограничување и на бројот на странски фудбалери, сето тоа за повеќе шанса да добиваат руските фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top