| четврток, 6 декември 2018 |

Манијак се претставувал како масер, па ги допирал со половиот орган

Вишото јавно обвинителство во Белград му одреди 30-дневен притвор на 52-годишниот З.Б. поради сомнение дека сексуално вознемирил неколку жени.

Тој се претставувал како киропрактичар и нудел масажи за 15 евра.

Пријавениот класичното масирање го користел и за допирање на клиентките, меѓу другото со неговиот полов орган по интимните зони.

Случаите се пријавени во полиција, од каде брзо реагирале, по што З.Б. е уапсен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top