| четврток, 6 декември 2018 |

Баварците продолжуваат да изненадуваат

Од­де­лот на гер­ман­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја БМВ за про­из­водс­тво на во­зи­ла со знак­че­то „М“ го прет­ста­ви нај­но­ви­от член на се­мејс­тво­то „М“, кој ка­ко нас­лед­ник на мо­де­лот „1М ку­пе“ ќе се по­ја­ви во про­даж­ни­те са­ло­ни на­про­лет во 2016 го­ди­на и ќе го но­си име­то „М2 ку­пе“

Над­во­реш­ни­от изг­лед на „БМВ М2 ку­пе“ го ка­ра­кте­ри­зи­ра­ат по­себ­но ди­зај­ни­ра­ни­те ае­ро­ди­на­мич­ни ком­по­нен­ти, а во од­нос на дру­ги­те мо­де­ли од се­ри­ја­та 2, „М2“ се истак­ну­ва со раз­лич­ни бра­ни­ци, со отво­ри­те за вен­ти­ла­ци­ја на пред­на­та ма­ска, со зад­ни­от ди­фу­зер за воз­дух и со ми­ни­ма­ли­стич­ки­от спој­лер на ка­па­кот од ба­гаж­ни­от про­стор. Под зна­чи­тел­но зго­ле­ме­ни­те кри­ла се на­о­ѓа­ат 19-инч­ни зац­вр­сте­ни алу­ми­ни­ум­ски бан­да­жи, на кои се мон­ти­ра­ни гу­ми од про­из­во­ди­те­лот „Ми­ше­лин“. Че­ти­ри­те за­вр­шо­ци за из­дув­ни­те га­со­ви до­пол­ни­тел­но оз­на­чу­ва­ат де­ка овој авто­мо­бил не е оби­чен „БМВ 2“.

BMW-M2-Coupe-002

„М2 ку­пе“ го прид­ви­жу­ва 3,0-ли­тар­ски бен­зин­ски мо­тор, со две тур­би­ни, кој за овој мо­дел раз­ви­ва си­ла од 365 коњ­ски си­ли и 464 њутн-ме­три нај­го­лем вр­те­жен мо­мент, кој со функ­ци­ја­та „овер­буст“ мо­же да се зго­ле­ми на 494 њутн-ме­три. Ако овој мо­тор е ком­по­ни­ран со ше­сто­сте­пен ма­ну­е­лен ме­ну­вач, од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час раз­ви­ва за 4,4 се­кун­ди, а ма­кси­мал­на­та бр­зи­на му е еле­ктрон­ски огра­ни­че­на на 250 ки­ло­ме­три на час. Ку­пу­ва­чи­те до­пол­ни­тел­но мо­жат да го на­ра­ча­ат овој авто­мо­бил со се­дум­сте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач „М-ДЦТ“ со две ква­чи­ла и ќе до­би­јат до­пол­ни­тел­но за­бр­зу­ва­ње, кое од 0 до 100 ки­ло­ме­три на час из­не­су­ва 4,2 се­кун­ди.

BMW-M2-Coupe-003

BMW-M2-Coupe-006

Во служ­ба на врв­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на „БМВ М2 ку­пе“ се и алу­ми­ни­ум­ски­те ком­по­нен­ти на сус­пен­зи­ја­та, ка­ко и зад­на­та оска, ко­ја е зај­ме­на од мо­де­ли­те М3 и М4. Во од­де­лот „М“ на БМВ за овој мо­дел авто­мо­бил, исто та­ка, под­го­тви­ја и по­себ­но на­ме­стен еле­ктри­чен упра­ву­вач и акти­вен „М“ ди­фе­рен­ци­јал. За по­лес­но за­пи­ра­ње на во­зи­ло­то се пред­ви­де­ни пер­фо­ри­ра­ни ди­ско­ви и ше­пи обо­е­ни во си­на бо­ја.

BMW-M2-Coupe-007

Освен што се знае де­ка БМВ пла­ни­ра „М2 ку­пе“ да го пу­шти во се­ри­ско про­из­водс­тво на по­че­то­кот на 2016 го­ди­на и пр­ви­те мо­де­ли се оче­ку­ва­ат да би­дат до­стап­ни на­про­лет, це­на­та сè уште не е поз­на­та, но, спо­ред не­кои врв­ни поз­на­ва­чи, таа не тре­ба да би­де по­ни­ска од 70.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top