Надворешниот изглед на „БМВ М2 купе“ го карактеризираат посебно дизајнираните аеродинамични компоненти, а во однос на другите модели од серијата 2, „М2“ се истакнува со различни браници, со отворите за вентилација на предната маска, со задниот дифузер за воздух и со минималистичкиот спојлер на капакот од багажниот простор. Под значително зголемените крила се наоѓаат 19-инчни зацврстени алуминиумски бандажи, на кои се монтирани гуми од производителот „Мишелин“. Четирите завршоци за издувните гасови дополнително означуваат дека овој автомобил не е обичен „БМВ 2“.
„М2 купе“ го придвижува 3,0-литарски бензински мотор, со две турбини, кој за овој модел развива сила од 365 коњски сили и 464 њутн-метри најголем вртежен момент, кој со функцијата „овербуст“ може да се зголеми на 494 њутн-метри. Ако овој мотор е компониран со шестостепен мануелен менувач, од 0 до 100 километри на час развива за 4,4 секунди, а максималната брзина му е електронски ограничена на 250 километри на час. Купувачите дополнително можат да го нарачаат овој автомобил со седумстепен автоматски менувач „М-ДЦТ“ со две квачила и ќе добијат дополнително забрзување, кое од 0 до 100 километри на час изнесува 4,2 секунди.
Во служба на врвните карактеристики на „БМВ М2 купе“ се и алуминиумските компоненти на суспензијата, како и задната оска, која е зајмена од моделите М3 и М4. Во одделот „М“ на БМВ за овој модел автомобил, исто така, подготвија и посебно наместен електричен управувач и активен „М“ диференцијал. За полесно запирање на возилото се предвидени перфорирани дискови и шепи обоени во сина боја.
Освен што се знае дека БМВ планира „М2 купе“ да го пушти во сериско производство на почетокот на 2016 година и првите модели се очекуваат да бидат достапни напролет, цената сè уште не е позната, но, според некои врвни познавачи, таа не треба да биде пониска од 70.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст