| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт „Песни од срцата“ на Македонската филхармонија и Ана и Игор Дурловски

Македонската филхармонија и реномираните оперски солисти Ана и Игор Дурловски вечерва, 30-ти октомври, во Македонскиот народен театарќе одржат концерт со наслов „Песни од срцата“ чиј концепт е љубовни песни од македонската музичка традиција.

Како што соопштија од Македонската филхармонија, станува збор за музички проект што во себе ги инкорпорира едни од најубавите љубовни песни изнедрени од народната македонска музичка традиција кои овој пат ќе бидат донесена во едно поинакво руво.

– Уникатноста на овој музички настан ја дава спојот на италијанското бел канто, со кое се посветува внимание на убавината на тонот, со звуците на традиционалната мелоритмика, стои во соопштението.

Со оркестарот на Македонската филхармонија, ќе диригира маестро Борјан Цанев, а сосема нови аранжмани на песните за оваа пригода создаде македонскиот истакнат композитор Сони Петровски, меѓу нив ќе прозвучат и неговото дело „Пијан танец – Пајдушко“, по првпат во Скопје, како и „Во Струга дуќан да имам“ од македонскиот композитор Панде Шахов, на кое како солист ќе настапи еден од најдобрите македонски пијанисти од помладата генерација, Дино Имери.

Проектот „Песни од срцата“ е во режија на Дејан Пројковски, а костимите се на Тања Кокев. Билетите за концертот се веќе распродадени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top