Хали Бери и Оливие Мартинез завчера официјално објавија дека одлучиле да се разведат, по само 2-годишен брак.
Според магазинот УС Викли, причината за крахот на семејниот живот се крие во бурниот темперамент и на двајцата.
И двајцата актери се познати по неминирниот темперамент, а нивни блиски откриваат дека Бери и Мартинез правеле нон-стоп скандали за најразлични работи.
Извор близок до актерката вели: -Двајцата се караа постојано. И Хали, и Оливие се со многу жежок темперамент и никој не попушта. Им претстои многу горчлив, тежок развод.
Во заедничката изјава сопружниците најавија дека се разведуваат „со натежнати срца” и дека меѓусебно се одлучиле да стават крај на врската, задржувајќи ги љубовта и почитот еден кон друг.
Двајцата имаат син Масео (2), за кого сакаат да се грижат заеднички.
Само пред една недела двојката беше уловена од папараците како се шета рака под рака, во видливо добро расположение низ регионот Шерман Oакс, Калифорнија на пазарот за тикви.
Изворот сепак додава: – И двајцата се со многу екстремна природа и сè се натпреваруваат за нешто.
Хали и Оливие се венчаа во летото 2013-та во Париз, откако се сретнаа на снимање на филм во 2010 година.
Претходно Бери била мажена за безбол играчот Дејвид Џастис (1993-1997) и за Р&Б пејачот Ерик Бенет (2001 – 2005).
Таа има и 6-годишна ќерка Нала од нејзиниот поранешен дечко Габриел Обри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.