| четврток, 6 декември 2018 |

Грaдоначалникот на Грац бара забрана за влез на имигранти мажи во Австрија

грац

Градоначалникот на Грац, Зигфрид Нагл побараа построги мерки на австриските власти во справувањето со бегалскиот прилив, кои би опфаќале затворање на границата на Австрија кон Словенија и забрана за влез на имигранти мажи во земјата.

Во интервју за весникот „Кронен Цајтунг“, Нагл предлага на имигрантите мажи „принципиелно“ да им се забрани влез во Австрија, нагласувајќи оти е свесен дека на тој начин ќе бидат предизвикани „немили сцени“ на границата при раздвојувањето на семејствата.

– Мораме да ја затвориме границата кон Словенија, што е можно подобро, иако сум свесен дека е невозможно која било граница да се направи целосно непропустилва- вели Нагл, кој е член на конзервативната Австриска народна партија.

Тој смета дека австриските власти мора да преземат ваква мерка, бидејќи „прашање на недели“ е кога Германија ќе донесе одлука за затворање на своите граница, па во таков случај имигрантите би остабале во Австрија,

– Затоа ни е потребен „Олан Б“, а тој би бил затворање на границата со Словенија- смета градоначалникот на Грац, главен град на австриската покраина Штаесрка, која граничи со Словенија.

Според Нагл, мора „да им се пружи рака“ на жените, децата или малолетниците кои бегаат сами и за нив мора да се најде сместување и да им се помогне.

– Но, на мажите кои ќе сакаат да дојдат кај нас мораме јасно да им ставиме до знаење дека за нив нема место тука и тоа треба да до знаат уште пред да се упатат на пат кон нас- наведува Нагл.

Ваквиот свој став тој го спореди со состојба при бродолом, каде, како што рече, „право се спасуваат децата и жените, а не мажите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top