Целиот регион пишува за наводниот инцидент на двајцата познати пејачи (повеќе за тоа прочитајте тука), кога според некои наводи Дино Мерлин го плукнал во лице фронтменот на групата „Хари Мата Хари“ во една сараевска кафеана.
Пред неколку дена во медиумите се појави, наводно, проверената информација за судирот на Дино Мерлин и Хари Варошановиќ.
Во јавноста на големо се полемизираше околу инцидентот. Дино за босанските медиуми изјави дека комплетната вест е „ноторна лага“, како и дека не треба да се верува на сѐ што пишуваат весниците и порталите.
Малку пред тоа и Хари Варошановиќ ја наведе својата страна на приказната, првин потврдувајќи па потоа демантирајќи дека воопшто се сретнал со Дино и дека тој го плукнал. Последен пат, според изјавата на Хари се виделе пред година дена, иако пред само неколку дена го потврдил целиот инцидент.
Единствениот вистински податок е дека пријателството помеѓу Хари и Дино е нарушено минатата година кога се судриле на Собранието на АМУС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тајна чувана 24 години: Познатиот хит на Цеца требало да биде дует, но војната ги променила плановите
-
Ова е жената за која Дино Мерлин ги отпеа најтажните стихови
-
Дино Мерлин долго време ги крие своите деца од јавноста – Погледнете како изгледа неговиот син
-
Инцидент на концертот на Дино Мерлин, повреден тапанарот