Најмалку осум лица од Истанбул починаа во текот на изминатите четири, додека 19 лежат во критична состојба во болниците откако консумирале илегални ракии, објавија денеска турските медиуми.
Сите жртви ја пиеле турската ракија „раки“, силен алкохолен пијалок што се прави од анис, а за која властите сметаат дека била помешана со смртоносна доза метил алкохол, пренесоа француските медиуми.
Турскиот весник „Хуриет“ наведува дека полицијата уапсила седум лица за кои се сомнева дека ја произвеле смртоносната ракија.
Во 2005 година во Турција починаа 22 лица откако се напиле илегални алкохолни пијалоци.
Дистрибутерите на овие пијалаци тогаш за трагедијата ги обвинија повеќекратните зголемувања на данокот на овие производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


