Од 180 пристигнати ракописи на конкурсот на „Нова Македонија“ за краток расказ, комисијата оцени дека многу од нив се квалитетни и ги задоволуваат критериумите на издржана наративна структура и вештина во изразот.
-При селекцијата, некои од ракописите не влегоа во конкуренција за наградите поради недоволната зрелост и вештина во пишувањето (наша претпоставка е дека се работи за млади автори што доправа треба да се доизградат). Други беа отфрлени поради неисполнување на основните правописни стандарди, што значително влијаеше на стеснувањето на кругот на фаворити – велат од жирито.
Кусиот расказ како иницијална форма на секоја добра проза и преку овој конкурс покажа дека е инспративен за најразлични раскажувачки постапки. Што е уште поважно дека во духот на времето добар дел од расказите беа повразни за совремни теми и со нов модерен израз. Ценејќи го првенствено квалитетот на пристигнатите раскази, жирито, кое годинава има еден селектор – писателот и долгогодишен соработник на весникот Александар Прокопиев и еден претставник на редакцијата, Весна Дамчевска, уредничка на културната рубрика на „Нова Македонија“, ги избра најдобрите три и предложи за откуп уште три раскази, како што налагаат пропозициите на конкурсот.
Според одлуката на жирито прва награда освои „Жива душа“ – Блаже Миневски, Втора награда: „Седмиот ден“ – Блаже Миневски и Трета награда: „Небесна фотографија“ – Иво Митев.
Откупни награди: „Височините на Феликс“ – Марта Маркоска, „Двете дланки“ – Јована Матевска и „Наимарот“ – Петре Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија