Соселани од скопска Патишка Река вчера по расправија физички се пресметале за исечени дрва. При тоа еден од учесниците од ловна пушка испукал еден патрон во воздух, а со кундакот удрил лице од учесниците.
По преземени мерки од страна на полициски службеници приведени се учесниците во тепачката меѓу кои и осомничениот З.М.(58) кој пукал од огнено оружје, а обезбедени се и огревните дрва и ловната пушка.
Во тек се мерки за расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.