Блиската пријателка на голем број на естрадни личности од Србија Татјана Миоковиќ е уапсена минатата недела по сослушување поради обвинување дека извршила кривични дела во кои спаѓаат перење пари, фалсификување на документи и одземање и препродажба на луксузни патнички моторни возила.
Како што се дознава од МВР, освен Татјана приведени се и уште осум луѓе помеѓу кои е нејзиниот партнер Зоран Јанковиќ.
По сослушувањето, обвинителот за организиран криминал донел наредба за спроведување на истрага против осомничените поради постоење на основа за сомневање дека припадници на меѓународно организирана криминална група која се занимавала со одземање и препродавање на луксузни патнички автомобили биле задолжени и за изработка на лажни документи за тие возила, како и за помалите идентификациони ознаки на самите возила поради прикривање на нивното потекло и продажба на заинтересираните лица.
Уапсена една од најдобрите пријателки на Лепа Брена: Српската естрада во паника поради тоа што го откри полицијата
Татјана и е позната на јавноста како една од најдобрите пријателки на Лепа Брена. Тие две често оделе заедно на патувања и редовно оделе една кај друга на гости.
Брена засега не сакаше да дава изјава по повод апсењето на Татјана. Драган Којиќ Кеба исто така не сакаше да дава изјави по повод апсењето на Татјана, a како што пренесуваат регионалните медиуми голем дел од тамошните естрадни личности освен што се дружеле биле и муштерии на уапсената поради што дополнително се создала нервоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.