| четврток, 6 декември 2018 |

Маскерано ја призна вината за затајување данок

havier maskerano 1

Аргентинскиот ас во редовите на Барселона, Хавиер Маскерано денеска седна на обвителна клупа за скандалот околу затајување данок во висина од 1,5 милиони евра по истрага на шпанското овинителство.
Денеска Маскерано за првпат се појави пред судот и се очекуваше денот во судницата да биде долг, но Аргентинецот ги изненади сите со прифаќањето на вината.

Хавиер Маскерано проневерил 587.822 евра во 2011 година и уште 968.907 евра во 202 година преку две компании, преку Мајами и Мадеира во Португалија. Обвинителот посочи дека станува збор за смислена „шема“ за избегнување на плаќање на данок во Шпанија, но се очекува Маскерано со признавање на вината да добие само парична казна.

Хавиер Маскерано во текот на вчерашниот ден заработи казна од два меча неиграње поради црвениот картон на дуелот против Еибар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top