Најмалку 11 емигранти загинаа, меѓу кои осум деца, во несреќи покрај грчките егејски острови Лезбос, Самос и Агатониси, а грчката крајбрежна стража почна спасувачки операции и трага по повеќе од 40 лица, кои се сметаат за исчезнати, јавија грчките медиуми.
Потрагата почна по инцидентот со бегалците во морето северно од Лезбос, во кој околу 38 лица се водат како исчезнати.
Во меѓувреме, две момчиња и еден маж загинале, откако дрвениот чамец со кој патувале се превртел.
Грчките власти соопштија дека во операциите на крајбрежната стража биле спасени 242 лица.
Бродови на Грција и на Фронтекс спасиле 71 мигрант покрај бреговите на Лезбос. Климатските услови во регионот се исклучително тешки. Во потрагата по бегалците биле пронајдени две мали деца, од кои едното е хоспитализирани, а другото починало.
Истовремено три лица, две деца и еден маж се пронајдени мртви во близина на Самос. Како исчезнато се води едно бебе, а пристанишните власти успеале да спасат 52 лица.
Во друг инцидент покрај островот Агатониси две деца и една жена загинале, а едно дете се води како исчезнато и по него се трага.
Според податоци на Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци од јануари досега од Турција во Грција влегле над 500 илјади бегалци и емигранти при обид да стигнат до централна и северна Европа.
– Нема да престанеме да вложуваме напори и ќе се бориме за да ги спречиме инцидентите со бегалците- изјави грчкиот министер за поморство и островска политика Тодорис Дрицос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)