| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо од граѓанин до Жерновски: Не тргај ги сите споменици во Скопје

Откако Андреј Жерновски ја објави победата во скопската општина Центар, граѓанин на оваа општина на неговиот профил на „Фејсбук“ веднаш му пишал писмо во кое убаво го замолува да не ги трга сите споменици во Скопје.

Писмото, кое веќе кружи на „Фејсбук“, ви го пренесуваме во целост

spomenici-skopje

Здраво Жерновски,
Слушам, си победил во Центар. И јас живеам таму, цел живот, на Зелено пазарче и на Ленинова, кај драгстор Бети. Слушам, не си ги сакал спомениците. Ако мислиш да ги отстрануваш, те молам немој сите. Оти ако се’ се врати како што беше пред да се нац’цка сo споменици, ќе биде ептен пусто и безлично, како стар газ. Гемиџиите обавезно да ги оставиш, и шмизлоните, и бикот, и…види си таму, најди некој советник, да ти каже. И особено те молам, да не го чепкаш споменикот на таткото на воинот, оти ми е многу мил. Ако треба нешто, дај дозвола да се премести, и кажи таму да ми го постават пред зграда, или да ми го инсталираат во двор во Побожје, иако е друга општина. Ако веќе мора, преправи го во „урбан“ од „антички“, и облечи му фармерки и сако, да биде секси и модерен. Ако случајно нешто му се деси на горенаведениот споменик, да знаеш дека јас ќе станам гемиџија, и ќе те најдам, и после…не сакаш да знаеш. А не мора да дојде до тоа. Верувам дека сериозно ќе го сфатиш ова барање (два пати напишав „те молам“ а не сум Западњак, па ти види), и дека предметот ќе се реши на обострано задоволство.
Голем поздрав и честито, па ај нека е со лесно. Немој сега да се мислиш дека си којзнае што. Гледај да си добар, колку што е во твоја моќ.
Со почит Тихомир Јанчовски

Според информациите на „Република“, се работи за професор од средното училиште „Орце Николов“. (писмо втор дел)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top