| четврток, 6 декември 2018 |

Два меча суспензија за Маскерано, ќе биде во составот за „Ел Класико“

Дисциплинската комисија за шпанската фудбалска федерација ја одреди казната за играчот на Барселона Хавиер Маскерано. Тој исклуувањето и директниот црвен картон го доби на натпреварот против Еибар поради навредите упатени кон еден од судиите. Дел од шпанските медиуми бараа тој да добие ригорозна казна со можност да го пропушти големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид закажано за 21.ноевмри на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, Дисциплинската комисија одреди дека пцовките на адреса на судијата не може да бидат причина за ригорозна казна и Маскерано ќе отсуствува од терените на следните два натпревари за Барселона против Гетафе и Вилјареал. Она што е најзначајно за Луис Енрике, аргентинскиот интернационалец ќе биде подготвен за големото дерби со Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top