Денеска на петтиот Саем за вработување во Радовиш, се претставија триесетина компании од радовишкиот, струмичкиот и штипскиот регион, како „Интерпласт“, „Штиптекс“ и „Еуропетрол“.
– Радовиш има голем број на потенцијални квалитетни кадри кои се совршена можност за работодавачите да го зголемат капацитетот и квалитетот на својот работен систем и квалитет на услуги и изработени производи. Овие саеми се прилика не само за големите компании туку и за малите претпријатија да ја зголемат својата улога во подобрувањето на економијата, во склоп на која неминовен дел е обезбедувањето на едуциран работен персонал преку мерка на вработување, кој ги исполнува очекувањата за ветениот квалитет кој брендовите го нудат кај крајните потрошувачи – изјави Влатко Поповски, директор на Агенцијата за вработување.
На саемот освен Поповски беа присутни и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Радовиш, Сашко Николов и градоначалникот на Конче, Благој Јованов.
– Радовиш има талентирана младина, кои со малку помош и понудена можност за подобрување на својата финансиска ситуација преку ново вработување, во многу сфери можат да ја достигнат па дури и надминат успешноста на многу други, како кариерата на познатата македонска оперска дива, Милка Ефтимова која е токму од Радовиш – изјави Неда Т., студент по економија која е во последната година од своето основно факултетско образование.
Следниот 6. саем за вработување од овој караван ќе се одржи во Гостивар на 4. ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал до скандал во училиштето во Радовиш: Оџата во училиште го повикала директорката, чиј сопруг е секретар на општината
-
Пожарникарите од Радовиш под истрага: Од противпожарната единица направиле коцкарница
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Командир од Радовиш заработи кривична: Огранизирал игри на среќа во службена просторија