| четврток, 6 декември 2018 |

Ибра ја освојува Америка?!

zlatan ibrahimovic

Најдобриот шведски фудбалер Златан ИБрахимовиќ прејде во редовите на ПСЖ пред три години од редовите на Милан како би застанал на чело на амбициозниот проект на катарските шеици. Богатите сопственици посакаа да го вратат парискиот гигант на местото кое му припаѓа, и веднаш тргнаа со ангажирање на скапи и проверени ѕвезди.
Главна фигура во тимот е секако Ибхаимовиќ и околу него е изградена империја и поставени се темелите за модерна и успешна приказна каква доликува за големото име на тимот.
Како се ближи крајот на кариерата на Ибра, 34-годишниот фудбалер е свесен дека може да одигра уште некоја година на високо ниво.
Исто како што доби покана да го засили ПСЖ од богатите шеици, тој доби понуда од поранешниот соиграч Дејвид Бекам да започне нов проект во американската МЛС-лига.
Легендата на англискиот фудбал планира најкасно до 2018 година да започне свој проект преку барата. Бекам започна процедура да го приклучи фудбалскиот тим од Мајами кон франшизата на МЛС-лигата, а еден од носителите на овој проект би требало да биде токму Златан Ибрахимовиќ.

ibrahimovic

Швеѓанецот веќе поднесе барање за американска виза, а неговиот менаџер Мино Рајола ги подгреа написите на „Л’екип“.

– Мајами? Се е можно! – изјави Рајола

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top