| четврток, 6 декември 2018 |

Планетата Земја не изгледа вака: Вистинската слика е далеку полоша и пострашна (фото)

Мистериозно парче од вселенскиот отпад по име „ВТФ“ ќе се судри со земјата на 13 ноември. Иако нашата атмосфера делумно ќе го согори, дел би требало да падне во Индискиот океан. Но тоа не е најлошото.

29057ea67576a55c814cc3fb8b3ec964

Далеку полошо од овој мал излет на ѓубре на нашата планета е тоа од каде тоа доаѓа. Сликата на убавата сина топка на која живееме е далеку од вистината. Покрај митот дека од вселената се гледа Кинескиот ѕид, тешко дека нашата планета може да се види од ѓубрето. Нашето ѓубре.

zemlja_1000x0

Европска вселенска агенција објави фотографија на која јасно се гледа колку остатоци од сателити  лебдат над нашата планета, а силата на Земјината тежа ги држи многу поблиску до нас од што би требало.

Иако се потпираме на нашата атмосфера која  може да ги согори работите, над  нас има милиони делови од вселенски отпад. Тој ги оштетува другите летала и така циклусот се продолжува.

Вистинскиот изглед на планетата Земја

Вистинскиот изглед на планетата Земја

Очите на научниците се вперени во „ВТФ“ бидејќи тој ќе покаже како се однесуваат објектите при влегувањето во нашата атмосфера.

Научниците дури планираат да испратат авион кој ќе го следи начинот на кој „ВТФ“  ќе се распаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top