Мистериозно парче од вселенскиот отпад по име „ВТФ“ ќе се судри со земјата на 13 ноември. Иако нашата атмосфера делумно ќе го согори, дел би требало да падне во Индискиот океан. Но тоа не е најлошото.
Далеку полошо од овој мал излет на ѓубре на нашата планета е тоа од каде тоа доаѓа. Сликата на убавата сина топка на која живееме е далеку од вистината. Покрај митот дека од вселената се гледа Кинескиот ѕид, тешко дека нашата планета може да се види од ѓубрето. Нашето ѓубре.
Европска вселенска агенција објави фотографија на која јасно се гледа колку остатоци од сателити лебдат над нашата планета, а силата на Земјината тежа ги држи многу поблиску до нас од што би требало.
Иако се потпираме на нашата атмосфера која може да ги согори работите, над нас има милиони делови од вселенски отпад. Тој ги оштетува другите летала и така циклусот се продолжува.
Очите на научниците се вперени во „ВТФ“ бидејќи тој ќе покаже како се однесуваат објектите при влегувањето во нашата атмосфера.
Научниците дури планираат да испратат авион кој ќе го следи начинот на кој „ВТФ“ ќе се распаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.