Турското обвинителство подигна обвинение за „навреда“ кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, против две момчиња на возраст од 12 и 13 години, кои се обвинети дека скинале постер со ликот на претседателот, објави весникот „Hürriyet“.
Обвинителството во Диарбекир е со намера казната на двете момчиња да е лишување од слобода во период од 14 месеци до 4 години и осум месеци.
Двете деца објасниле дека го скинале постерот, за да го продадат како стара хартија и не обрнале внимание што има на него.
Првото слушање во случајот е на 8 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.