| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе се случи ако 60 дена пиете сок од домати?

o-SEXY-TOMATO-facebook

Научници го истражуваат дејството на доматниот сок врз човечкиот организам. Во истражувањето учествувале жени на различна возраст, со различна тежина и потекло. Во текот на два месеци тие пиеле по една чаша доматен сок на ден. За време на експериментот учесничките во него не ги смениле секојдневните навики, а само по неколку дена утврдиле дека ослабеле.
RB86136041154

Научниците нагласуваат дека не станува збор за губење на течности во организмот, туку за топење на мастите. Учесничките во експериментот намалиле во половината во просек по 1,6 -2 см., Имале пониско ниво на холестерол и зголеменото ниво на ликопен во крвта, антиоксиданс кој позитивно влијае на здравјето.
Доматите се нискокалорични и во сок од 0,35 л. има само 80 калории. Тие се богати со натриум, калциум, калиум, магнезиум, витамин B, C и АБ. Докажано е дека високото присуство на ликопен во доматниот сок го спречува развојот на канцерогените клетки, ги прочистува крвните садови и го спречува појавувањето на срцеви болести.
8174df4a4816b03a1a062da9f46d4faaСокот од домати помага во намалување на крвниот притисок, спречува тромбоза, ја регулира работата на црниот дроб, панкреасот и жолчката. И што е најважно, за да го почувствувате ефектот, потребно е да конзумирате домашен доматен сок, подготвен од свежи или варени блендирани домати. Сокот од домати во продавница содржи конзерванси и многу шеќер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top