| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Виктор Камилоски: Нападите врз министерот се паушални, но и навреда за бројниот медицински персонал

По повод бројните изјави во насочени кон т.н. „неуспеси во реформите здравството“ со отворено писмо се огласи Професор Д-р Виктор Камиловски. Во продолжение го објавуваме во целост неговото обраќање.

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ПРОФЕСОР  Д-Р ВИКТОР КАМИЛОСКИ :

Дали реформите во здравство во РМ се во согласност со СЗО дали корелираат и најважно дали напредуваме или „тапкаме во место “ ?

Слободно може да се каже дека Министерството за здравство односно министерот Никола Тодоров, како и владата на РМ,  бележат бројни успеси во изминатиот период.

Реформите во здравството се само во интерес на зачувување и унапредување на здравјето на пациентите. Најголем бенефит  од истите имаат пациентите но и медицинскиот персонал . Воведената електронска евиденција со системот МојТермин ја олеснува комуникација меѓу медицинскиот персонал, секоја постапка се евидентира со што се овозможува транспарентност  на работењето.

Набавена е опрема со вредност од над 100 милиони евра и истата е во целост ставена  во функција со што нема долги листи на чекање, овозможена е примена на најсовремени методи на лекување, со што е намален морбидитетот и инвалидитетот кај одредени патолошки состојби.

Овој здравствен систем и министер овозможија бесплатна обука (а секаде во цел свет се плаќа обуката) во еминентни светски здраствени центри и тоа се со единствена цел да се подигне нивото на професионалност и стручност.  Направените длабоки резови од министерот и ресорното министерство се само стремеж кон повисоки цели, како Харвард, Оксфорд, познати клиники во САД, Франција, Германија итн, а не кон пониски цели и институции. Дали треба да тонеме во мрак или незнаење или треба да се движиме кон светлината и знаењето?

Во изминатиот период се преземени бројни активности, донесени бројни акти, документи, норми и закони, прифаќање на меѓународно договорени политики и кампањи, како и прифаќање на Милениумските цели (временски одредени мерливи општи и специфични цели односно индикатори за борба против сиромаштијата, гладот и болестите) и др. Ова е со  единствена цел превенција, чување и унапредување на здравјето, односно глобална здравствена безбедност на луѓето кои живеат на територијата на РМ. Со тоа Министерството за здравство  преку болничките капацитети го почитува основното човеково право за здравје како предуслов за личен и општ економски развој . Конкретно за пациентот, овие  здравстени реформи во РМ услогласени со СЗО значат почитување на основните принципи :

  1. Принцип на правичност , подразбира секој да добие еднаква можност да го оствари својот полн здравствен потенцијал- на сите подеднаква можност.
  2. Принцип на солидарност, секој вработен да придонесува за здравствениот систем и тоа и кога нема потреба од здравствена заштита. Така на пример, младиот човек помалку се разболува и сега кога работи и е здрав, одвојува за оние кои имаат таква потреба, но затоа кога тој истиот ќе има потреба од здраствена заштита или кога ќе остари или пензионира, ќе биде во состојба да се лекува.
  3. Право на здравје, не значи да биде здрав, туку збир на норми или закони кои му овозможуваат да биде здрав, а од друга страна за власта значи одговорност за сите граѓани да функционираат институциите кои се одговорни за тоа ( МЗ,ФЗО,Клиниките,Болниците,Амбулантите,Социјалните установи)

Ние докторите, посебно на пациентите им нудиме висока професионалност, вклучувајќи ги највисоките стандарди, посебно кај модерните и cutting edge процедури. Ние докторите, сме дале Хипократова заклетва и должни сме со сите сили да се бориме против причинителите на болестите, па нека биде тоа и сообраќаен трауматизам, малигном, инфекција, да го употребиме целокупното медицинско знаење и вештина. Тоа се однесува на сите ситуации, и тогаш кога сме најуморни, после полноќ, а треба да оперираме за да спасиме нечиј човечки живот повреден во сообраќајна незгода. Ние докторите не ги бираме пациентите, туку тие не бираат нас.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, директно и индиректно овозможил подигнување на нивото на знаење кај лекарите овозможувајќи работа со најсовремена медицинска апаратура.

Се друго што е против оваа вистина директно ги ослабува здраствените капацитети овозможувајки негативно да се влијае на најскапоценото нешто, а тоа е здравјето на пациентите. Конкретните напади врз министерот  се паушални, но во исто време и навреда за бројниот медицински персонал: доктори ,медицински сестри, болничари, здравствена администрација, кои чесно и посветено си ја работат својата работа, која е многу поразлична од другите професии. Да не дозволиме амигдалата,емоциите да ја добијат војната над другите делови од мозокот каде царува разумот.

Затоа во овие моменти треба сите здравствени работници да бидеме сплотени и да дадеме максимална поддршка на првиот, еднаков меѓу нас – Министерот  за здравство, Никола Тодоров, како и целокупниот негов тим.

Пациентите имаат меморија и паметат кога сами си купуваа лекови, мрежи за кила, шрафови, плочки и вештачки протези, кога се немаше хируршки ракавици и конци и кога истите се миеја да се престерилизират и да се  употребат повторно.

Како хирург трауматолог кој секојдневно е во операционата сала со најтешките траума пациенти, се уште чувствувам длабок професионален порив, а се со единствена цел  да им помогнам на пациентите да ги лекувам и оперирам- нешто што најдобро го знам. Јас лично како доктор со долгогодишна лекарска пракса можам барем да направам  разлика како било и како е, но уште поважно си се познавам добро самиот себе си –кога работите не се движат во вистинска насока го губам мотивот за работа. За среќа овој министер правник по вокација ми го овозможува тоа, и не само мене туку и на многу мпади и стари лекари.

Индивидуалните лекарски грешки не треба да се генерализираат и да се фрла дамка на целокупниот здравствен систем кој работи максимално пожртвувано и совесно. Сигурно има уште многу работи кои треба да се завршат во амбулантите,болниците,клиниките но тоа не треба да биде повод здравствените власти да се напаѓаат, омаловажуваат и понижуваат, за да некој друг добие дневнополитички поени, за жал на штета на здравјето на пациентите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top