| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Аеродром најпосакувана и најсакана зелена општина

Како претседател на Советот, прв меѓу еднаквите, како ја оценувате продуктивноста на Советот на Општина Аеродром во изминатиот четиригодишен мандат 2013-2017 година?

КАМИЛОВСКИ: Советот на Општина Аеродром е еден од најпродуктивните  совети на ниво целокупната локална самоуправа  во Република Македонија, кој во изминатиот мандат  одржа над 70 седници на кои се донесени  вкупно 1140 Одлуки, 64 програми за работа и голем број на правилници, решенија и заклучоци.

Благодарност за несебичниот придонес и конструктивноста на членовите на Советот од советничката група на Коалицијаата на ВМРО-ДПМНЕ, кои  дадоа безрезервна поддршка на сите предложени одлуки,  планови и програми, со што создадовме основа за отпочнување и натамошна реализација на сите проекти кои ја красат нашата општина и благодарение на кои станавме најпосакувано место за живеење во РМ.

Благодарност и до вработените лица во општинската администрација, предводени од Градоначалникот и Секретарот на ОА,  кои посветено и професионално си ги вршеа своите обврски и ја насочија својата енергија во правец на квалитетно и навремено остварување на дадените работни цели.

Соработката на сите горепоменати категории, го донесе денешиот резултат на кои сите може да бидеме горди.

На кој начин Советот до сега придонесе во нивото на успешност на општината како единица на локалната самоуправа?

КАМИЛОВСКИ: Во оваа прилика ке издвојам неколку одлуки кои се од круцијално значење и преку чие донесување од страна на Советот на Општина Аеродром се овозможи остварување на капиталните проекти на подрачје на општината а тоа се:

  • во период од четиригодишниот мандат донесени се десетина Одлуки за детални урбанистички планови за подрачјето на општина Аеродром, со кои се утврди најоптималниот и за граѓаните најприфатлив распоред на содржините во соодветните плански опфати, во процедура која им овозможува на граѓаните нивните желби и потреби да се пресликаат во деталните планови
  • на годишно ниво навремено и во законски испочитувана процедура донесувме Буџети на Општината заедно со годишните програми за начинот на распределба на финансиските средства, со кои се обезбедени средства за изградба на нови сообраќајници, пристапни улици, инфраструктура, паркинзи, нови линии на јавно осветлување, обнова на канализациона и водоводна мрежа.
  • како поддршка на младата популација секоја година едногласно ја поддржуваме одлуката за финансиска помош на младите родители за секое новородено бебе во општината
  • тежнеењето кон млада и здрава популција во општина Аеродром, го потврдивме со донесување на одлуки за изградба на спорткси капацитети, затворени сали, тенески терени, раззеленување со големи и содржински богати паркови, поддршка на изградбата на нови спортски сали и повеќенаменски спортски игралишта во основните училишта,како и  реконструкција, проширување и градење на нови објекти на детски градинки и основни училишта
  • поддршка на културно-забавниот живот и подигање на свеста за национална припадност преку гаење на културното наследство и пренесување на традиционалните и културните вредности на Република Македонија на новите генерации, дадовме преку донесување на одлуки за поддршка на манифестацијата Илинденски марш, Театар Комедија, како и традиционалните Мичурински средби и бадниковите огнови.

Заштитата на животната средина и подигањето на еколошката свест се навестува како еден од главните приоритети во кампањата на повеќето кандитати. Што во таа насока се превзема во Вашата општина и какви заложби ќе имате како носител на листата на советници?

КАМИЛОВСКИ: Нашите заложби за подобрување на квалитетот на живот во Општина Аеродром продолжуваат и  понатаму. Во изминатиот период преку секојдневни средби непосредно од граѓаните ги слушнавме нивните потреби, нотиравме нови идеи и  сите ги инкорпориравме како задачи на чие исполнување неуморно ќе работиме во иднина.

Во насока на исполнување на програмата на Градоначалникот, во која има зацртано низа проекти за заштита на животната средина, Советот ќе продолжи со безрезервна поддршка на проектите преку донесување на одлуки за таа цел.

До сега можам да ги издвојам одлуките:

– за донесување на Локален еколошки акционен план – ЛЕАП на Општина Аеродром за период 2017-2023 година, стратешки долгорочен документ, врз основа на која Општина Аеродром во следниот период раководејќи, ќе ги преземе потребните мерки и активности во насока на заштита на жив.средина и екологија, решавање на проблемите од областа на животната средина, базирани на ризикот за човековото здравје, еко-системите и генерално квалитетот на животот,   развивање стратегии и активности за намалување на ризиците по животната средина во општината,  зголемување на јавната свест и одговорност за заштита на животната средина и зголемување на поддршката од јавноста за инвестициите од областа на животната средина во општината.

-одлука за инсталирање на подрачјето на ОА на CityTree – иновативен и патентиран билборд кој го прочистува воздухот и има моќ на филтритирање како 275 дрва

-тука се и одлуките за изградба и одржување на парковско зеленило. Од повеќето изградени паркови во нашата општина ѓе го споменам големиот парк помеѓу Горно и Ново Лисиче, кој е на површина од 100.000 квадратни метри парковско зеленило со 600 садници и други спорстки содржини

-секоја година учествуваме и ги поддржуваме еколошките акции “Ден на дрвото“, преку кои на подрачје на ОА се посадени над 100.000 листопадни и зимзелени садници

Резултатот од посветената работа во областа на екологијата е:

  • 28м2 зеленио по глава на жител, три пати повеже од европските стандарди
  • 10 нови паркови
  • 50 000 дрва засадени само во последните две години

Неспорен е фактот дека треба уште да се работи за подобрување на квалитетот на воздухот и  подигање на елошката свест. Впрочем ќе напоменам дека и мојата лекарска професија и хуманиот пристап во сите аспекти на моето дејствување,  не само кон моите пациенти, туку и кон сите луѓе, ми е причина и мотив плус, да придонесам како избрано лице во Советот кој е  претставнички орган на граѓаните, сите заедно да создадеме здрава и еколошки чиста животна средина, во која ќе растат идните генерации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top