Меѓународниот каталог „Глобал стандард оне“ претставува електронски регистар од податоци каде што националните економии можат да ги претстават своите производи и да учествуваат во електронска трговија.
Овој меѓународен систем на стандарди овозможува продуктивно и сигурно движење на производите ,услугите и податоците за нив, низ дистрибутивниот синџир.Се работи за глобална платформа од 30 национални организации во која има преку 15 милиони производи од над еден милион компании.
Од пред една година во оваа глобална мрежа учествува и ГС1 Македонија која во својот каталог има нотирано над 2500-тини производи од 230 домашни компании.
Македонската економија неминовно е свртена кон извозот.Таква е структурата на нашата економија и друга алтернатива не постои,смета претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.Пробивот на странските пазари е невоможен без промоција на сопствените производи ,а најдобра алатка за тоа е овој каталог.
Македонскиот каталог на производи сеуште е во фаза на доработка.Од домашните компании се очекува поактивно вклучување во оваа глобална мрежа доколку сакаат да се најдат на меѓународните пазари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.