Oд основниот суд еден во Скопје информира дека Апелациониот суд се прогласи за ненадлежен за одлучување дали да се издвојат прислушкуваните материјали на опозицијата како докази во 27 предмети.
Судиите од Апелација појаснуваат дека додека предметот е во фаза на истрага судија на претходна постапка одлучува за доказите. Потоа доколку се комплетира обвинение се оценувааат и тие докази и за нив одлучува основниот суд.
Предметите ги работи обвинителството и тоа се истите оние кои треба да ги превземе специјалната обвинителка Катица Јанева. Во некои од нив се води предистражна постапка против премиерот и негови соработници. Токму адвокатот на премиерот побара прислушуваните разговори од опозицијата да не бидат докази за евентуални кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.