| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателски кабинет: Буџаку не е отповикан предвреме

agron budzaku1

Македонскиот амбасадор во Франција, Агрон Буџаку, е отповикан од претседателот Ѓорге Иванов поради истекот на дополнителниот продолжен мандат, велат за МИА од Kабинетот на претседателот.

Претседателот Иванов, согласно so законските процедури, на 19 овој месец донел указ за отповикување на Буџаку. Во членот 2 од Указот стои: Должноста на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Француската Република престанува заклучно со 04.12.2015 година.

На барање на Министерството за надворешни работи, а согласно so измените на Законот за надворешни работи, на 28 октомври 2013 година, претседателот Иванов дал согласност за продолжување на мандатот на амбасадорот Буџаку до 4 декември 2015 година.

Указот за отповикување на амбасадорот Буџаку, како што посочуваат од Кабинетот на Иванов, е донесен пред гласањето на Генералната конференција за прием на Косово во УНЕСКО, со што се демантираат шпекулациите за евентуална тенденциозност и поврзаност на овој настан со престанокот на мандатот на амбасадорот Буџаку.

Буџаку беше поставен за амбасадор на Македонија во Франција со Указ што Иванов го потпиша на 27 октомври 2009 година. Исто така, со Указ на претседателот од 15 март 2011 година, Буџаку беше поставен на функцијата Амбасадор на Република Македонија во Мароко, со седиште во Париз и со Указ од 28 јуни 2011 година беше именуван и за амбасадор во Португалија, со седиште во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top