Во организација на Амбасадата на Шведска, вечер и утревечер во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе бидат прикажани шведските филмови „Его“ и „Хотел“.
„Его“ е дебитантски филм на режисерката Лиса Џејмс Ларсон од 2012 година, кој тематизира што е навистина важно во животот, а „Хотел“ третира тема за луѓе кои поради лични проблеми посетуваат групна терапија. Одлучуваат да отидат некаде каде што може да се обидат да бидат она што навистина сакаат да бидат – и почнуваат да одат од еден хотел во друг…
Режисер на овој филм од 2013 е Лиса Лангсет. Влезот за двете проекции во Кинотеката е бесплатен за посетителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.