Борбата за легализација на марихуаната, го прави сѐ поактуелно прашањето за нејзиниот ефект врз здравјето.
Кевин Хил, лекар во болницата „Меклин“, во „Харвард медикал скул“ и автор на „Марихуаната: вистина за најпопуларниот плевел во светот“, неодамна одговораше на прашањата на граѓаните.
Ви ги претставуваме најљубопитните моменти од дискусијата.
Кои се докажани корисни лековити дејства од употребата на марихуаната?
Марихуаната добро влијае во случаи на повраќање и недостаток на апетит. Освен тоа, има сериозни докази за тоа дека марихуаната или канабисот, лекуваат хронична болка и ги ублажуваат состојбите како мултиплекс склероза.
Кои се недостатоците од употребата на марихуана? Колку често е забележана зависност?
Повеќето луѓе што употребуваат марихуана, не се зависници. Официјално објавени информации покажуваат дека 9 проценти од постарите луѓе и 17 проценти од оние во млади години стануваат зависници.
Како се дијагностицира зависноста од марихуаната?
Обично луѓето посегнуваат кон марихуаната поради проблеми на работата, училиштето или пак во приватниот живот. Кога станува збор за член на семејството, наставник или пак тренер, важно е да се знае како нормално се однесува поединецот. Дали престанал да ги прави вообичаени работи за него? Има ли промена во расположението? Се набљудуваат такви фактори.
Марихуаната може да влијае на мозокот, слично на другите супстанции од кои се станува зависен. Станува збор за влијание врз хемикалии како допамин. Ослободувањето на слични хемикалии, создава чувство на задоволство и на засилување. Токму такви емоции ги тераат луѓето да посегнуваат повторно кон марихуаната.
Зависноста е истовремено психолошки и физички проблем. Луѓето кои уживаат во нејзината употребата, може да почнат да ја употребуваат неумерено. Така тие ризикуваат таа да влијае во различни сфери од нивниот живот. Се случува на марихуаната да гледаат како на клучен механизам за соочување со стресот во секојдневниот живот.
Физичката зависност се изразува со употребата на марихуана секој ден, по неколкупати на ден. Симптомите на оваа состојба се нервоза, раздразливост, проблеми со спиењето. Сите тие прават употребата на марихуаната да биде неопходна.
Важно да се напомене е дека овие симптоми не се опасни по живот, за разлика од симптомите на зависност од алкохол.
Докажано е дека употребата на марихуаната создава предуслови за развој на инфекции на дишните патишта. Во исто време, нема долгорочни студии кои ја поврзуваат со болести како рак.
Општо земено, марихуаната не е толку опасна колку што е алхоколот. Но ова сепак не значи дека марихуаната не е опасна.
Дали пушењето на марихуаната се разликува од нејзиното џвакање?
Ризиците се поврзани со составот на марихуаната, а не со формата како се употребува. Кога се џвака марихуаната, нејзиното влијание врз организмот е подолго. На овој начин оној што ја консумира, може да не процени точно колкава доза прима.
Постои ли тест за марихуана?
Не постои информација за постоење на таков тест. Обично, употребата на марихуана се открива при тест на урината, околу четири часа по употребата.
Станува ли марихуаната поефикасна?
Активната супстанција во марихуаната во последниве децении расте. Тоа ја прави прилично поефикасна во наше време.
Што мислите за легализирањето на марихуаната?
Аргументите „за“ легализација на марихуаната вклучуваат слобода на избор за возрасни луѓе, зголемување на приходите од даноци и намалувањето на бројот на уапсени поради употреба на марихуана.
„Против“ легализација стојат аргументи како овој, дека слободната употреба може да ги зголеми случаите на зависност, ризик од зголемување на случаите на возачите под дејство на марихуана и гледната точка на компании кои се занимаваат со алкохол и со тутун.
Јас сум „за“ легализација на марихуаната за забава, бидејќи сметам дека секој зрел човек треба да има право да избира што е добро за неговото тело, под услов да не им наштети на другите околу себе. Сакам да истакнам дека во многу држави, како Масачусетс, прашањето не е поставено на овој начин. Таму не се прашува кој е за, а кој е против. Ако марихуаната биде легализирана, прашањето е како ќе изгледа самиот закон, што ќе пишува во него. Сѐ повеќе држави ќе ја легализираат употребата на марихуаната. Затоа треба да вложиме напори, да ги заштитиме максимално луѓето.
Кој е најопасниот мит за марихуаната?
Најопасниот мит е дека марихуаната е безопасна. Не, не е. Не е толку опасна колку опијати, но не е безопасна. Повеќето истражувања се преклопуваат во еден заклучок. Редовната употреба на марихуана од луѓе под 25 години, чии мозоци сѐ уште се развиваат, е лоша идеја. Можните негативни ефекти на долгорочен план вклучуваат проблеми како, влошување на нервниот систем, провоцирање на депресија и зголемување на случаите со психотични нарушувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.