| четврток, 6 декември 2018 |

Роб Кардашијан сака да му го подари својот бубрег на Ламар Одом

rob-kardashian-to-follow-khloe-and-lamar-odom-to-dallas

Роб Кардашијан e подготвен да му подари еден од своите бубрези неговиот зет и близок пријател Ламар Одом, бидејќи трансплантација веројатно ќе му биде потребна.

Дваесет и осумгодишниот брат од Клои Кардашијан рекол дека ќе направи се што е во негова моќ за Ламар да оздрави, па дури и ако тоа значи донирање на орган.

Се уште не е утврдено дали Одом и Роб се компатибилни за да се изврши трансплантација, но според американските медиуми Роб бил подготвен да ги направи сите потребни медицински тестови.

– Роб е подготвен да направи се за да му помогне во опоравувањето на Омар. Ако тоа подразбира донирање на бубрег, Роб има големо срце и е спремен на се за да му помогне на својот пријател – рекол извор близок до семејството.

Поранешниот шампион во НБА лигата, Ламар Одом беше пронајден онесвестен во јавна куќа во Невада, по што итно беше пренесен во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top