Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас е најпријатното изненадување од почетокот на сезона во Примера дивизија.
Репрезентативниот голман на Костарика ги освои сите. Почнувајќи од своите критичари, навивачи па до соиграчите и управата на клубот.
Поранешниот голман на Леванте е клучна фигура во тимот на Рафа Бенитез, а неговиот придонес во играта и резултатите е повеќе од очигледен. Со девет натпревари од 12 накои не прими гол, Навас докажува дека трпението и вербата во успех се исплати.
Работите се сменија за 180 степени во животот и кариерата на Навас. На крајот на летниот преоден рок беше на прагот на Манчестер јунајтед, но откако му рекоа дека останува во Реал плачеше од среќа иако не добиваше никаква шанса.
Стисна заби, работеше посилно од порано, успеа да се наметне и да ги убеди челниците на „кралскиот“ клуб дека ткму тој е човекот за прв голман во најтрофејниот европски клуб.
Затоа раководството на Реал е подготовено да му понуди продолжување на договорот, вреден 2,5 милиони евра по сезона. За тоа ќе се разговара во периодот што следи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)