Најскапиот стан во Дубаи, кој сѐ уште се гради и треба да биде завршен во 2017 година, веќе се продава по неверојатната цена од 74.5 милиони долари.
Пентхаус станот со површина од 4.000 квадратни метри ќе располага со седум спални, осум бањи, сопствена галерија со уметнички предмети и вежбалница.
Најимпресивниот дел од овој луксузен дом сепак ќе биде инфинити базен, откривајќи поглед кон морето и опкружен од 1.500 квадратни метри отворен простор, проектиран од популарниот пејзаж архитект Владимир Ѓуровиќ.
Сопственикот на станот ќе може да го паркира автомобилот во подрумот на зградата и да се качи со посебен лифт до влезната врата на станот.
Градежната компанија „Омнијат“ стои зад оваа зграда, која се наоѓа на вештачки остров во форма на палма „Палм Јумеирах“.
Покрај амбициозните нови проекти за домување, Дубаи во последно време е послабо пребаруван на пазарот на имоти.
Според глобалниот имотен индекс на „Кнајт Франк“, градот-држава во 2015 година забележува 12.2 проценти пад на цената на имотите на годишна основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.