| четврток, 6 декември 2018 |

Куршум во писмо за грчкиот заменик министер за финансии

gryckiqt-zam-finansov-ministyr-e-poluchil-pismo-s-kurshum-334374

Грчкиот заменик министер за финансии, Трифuн Алексиадис, вчера добил писмо во кое е споредуван со соработниците на нацистичките германски сили, кои ја окупираа Грција во Втората светска војна, придружено со куршум во пликото, соопшти неговото министерство, цитирано од Ројтерс.

Алексиадис кој одговара за даночните приходи во државната каса, ги нарече испраќачите на писмото „фашистички психопати“. Тој додаде дека, тоа што го сториле му дава уште повеќе храброст да продолжи да се бори против избегнувањето на даноците и против корупцијата.
Во писмото се упатува закана дека тој и неговото семејство ќе разберат што значи страв. Писмото е потпишано со црвена ѕвезда од досега непозната група, чие име во слободен превод значи „Црвена фракција“.
Многу Грци ја обвинуваат Германија поради политиката на штедење во нивната земја, наметната во врска со меѓународниот план за спас за 86 милијарди евра, донесен во август.
Во 70-тите и 80-тите години во тогашна Западна Германија дејствува радикална Левичарската група наречена Фракцијата „Црвена армија“, во чие лого има црвена ѕвезда и автоматски пиштол, истакна Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top