| четврток, 6 декември 2018 |

Хансен со единаесетка на врвот, Божовиќ е втор стрелец во ЛШ, а Лазаров се проби на четвртото место

PSG Handball vs MKB-MVM Veszprem

Микел Хансен го торпедираше голот на Веспрем и со 11 гола за Пари Сен Жермен во дербито на шестото коло изби на врвот на листата на стрелците во Лигата на шампионите. Данскиот бомбардер вкупно има 54 погодоци, 5 повеќе од бекот на Металург, Јанко Божовиќ, кој сега е на втората позиција. До петтото коло тие двајца го делеа првото место.

Зад нив е Габор Часар од Кадетен Шафхазуен со 47 гола, а еден помалку има Кирил Лазаров, нашиот репрезентативец кој игра за Барселона. На делба на 11. место е Тимур Дибиров кој постигна 38 погодоци, исто како и Дејан Бомбач од Пик Сегед.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top