Поранешниот тренер на Минесота, Флип Сандерс, вчера ја загуби битката со тешката болест и почина на 60-годишна возраст. Тој остави голем белег во лигата на НБА, водејќи го тимот на Минесота цели десет години во периодот од 1995 до 2005 година.
Во тие години, главна ѕвезда во тимот беше Кевин Гарнет, кој цели 12 години го носеше дресот на „волците“ пред да премине во редовите Бостон. Тој беше најпогоден од смртта на неговиот поранешен тренер и на крајно оргинален начин се прости од својот ментор.
На „Инстаграм“ постави фотографија на која тој седи на бетон пред местото за паркирање на Саундерс со неговото име и презиме. Автомобилот таму одамна го нема, а сега го нема ни познатиот тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.