Исламската држава (Даеш) ја менува тактиката за нападите во европските држави, односно таа планира да испраќа џихадисти од соседните држави, наместо оние во кои се родени или во кои живееле за да извршат атентати, ова стои во извештај на француските тајни служби до кои дојде француското радио „Франс инфо“.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, оваа промена на тактиката ги загрижува француските тајни служби. Целта на исламската терористичка организација е да го избегне засиленото следење на исламистите во европските земји. Имено, еден французин, кој се враќа од Сирија има повеќе шанси да биде следен од француската полиција, отколку еден Шпанец или Германец. Даеш игра многу на некооперативноста на европските тајни служби околу информациите за лицата кои се следени од нив.
Нападот во возот Талис ја симболизира таа неефикасност, бидејќи осомниченото лице беше забележано во Шпанија, Франција, Германија и Белгија.
Според француското радио, тајните служби на Франција проценуваат дека, во моментов, 500 Французи се борат во редовите на Даеш во Сирија и во Ирак. Преку 130 се убиени во борбите, од вкупно 1.700 Французи колку што „формално се идентификувани за нивната вмешаност во џихадот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро