| четврток, 6 декември 2018 |

Богов: Политичката неизвесност влијае на економскиот раст

богов

Политичката неизвесност во Македонија има негативно влијание, оценува гувернерот на Народната банка на Република Македонија и најавува дека за една до две недели оваа институција ќе излезе со нова проекција за економскиот раст за оваа година.

Тој очекува што побрзо да се надмине оваа ситуација и порачува дека на економските агенти им е потребна извесност и стабилно окружување за работење.
– Во април излеговме со проекција од 4,1 процент економски раст за оваа година. Веќе е јасно дека тој нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно и ќе кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст во оваа, а и за наредната година – изјави гувернерот Богов денеска по отворањето на Првиот регионален форум на Источна Европа и Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top