Грчката полиција уапсила петмина членови на националистичката „Група Ипсилон“, за кои се верува дека подготвувале смртоносни напади, пишува денеска грчкиот весник „Етнос“.
Според полицијата, екстремно-десничарските терористи планирале напади против административни згради во градот Каламата. Петмината членови на терористичката „Група Ипсилон“ се идентификувани како извршители на неодамнешните бомбашки напади врз филијала на Централната банка во градот Каламата и врз споменикот на Константин Палеолог во Мистра.
„Етнос“ додава и дека во скривницата на терористите биле пронајдени експлозивни направи со голема разорна моќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!